Економија, финансии, бизнис

Контакт

Независна Шкотска ќе ги задржи фунтите и кралицата

Независна Шкотска ќе ги задржи фунтите и кралицата
Независна Шкотска ќе ги задржи британската фунта , кралицата и ќе остане во Европската унија , но ќе има свои сили за одбрана и ќе собира свои даноци , рече шкотскиот премиер Алекс Салменд , пренесува " Ројтерс " . Во детален план од 670 страници , кој има за цел да ги убеди Шкотланѓаните на 18 септември следната година да гласаат за отцепување од Велика Британија , Салменд изјави дека нема да се наметне кревање на даноците , ако Шкотска се отцепи . "Знаеме дека ги имаме луѓето , вештините и ресурсите да ја направиме Шкотска една поуспешна земја" , истакна тој. Според него, шкотските даноци нема да бидат потрошени за нуклеарни програми , а британското нуклеарно оружје ќе биде отстранети од Шкотска . "Независноста ќе ги направи Шкотланѓаните одговорни за нивната судбина " , додаде Салменд . Плановите на Шкотска се внимателно следени , особено во шпанската автономна област Каталонија , каде што 80% сакаат да гласаат за независност од Шпанија .  
Слично

Поврзани вести