Независна истрага потврди: Израел користел бел фосфор
Амнести интернешнал собра убедливи докази кои ја документираат употребата на артилериски гранати од бел фосфор што ги користи израелската армија во густо населените цивилни области во Газа, кои многумина ги сметаат за незаконски неселективни напади.
По нападот на Хамас и другите вооружени групи врз цивилите во Израел на 7 октомври, израелската армија ја бомбардираше Газа со невидена брзина. Видеата и фотографиите потврдени од Лабораторијата за кризни докази на Амнести интернешенел покажуваат дека Израел користел муниција со бел фосфор.
Белиот фосфор е запалива материја која главно се користи за создавање на густа димна завеса или обележување цели. Гори на екстремно високи температури кога е изложен на воздух и може да продолжи да гори внатре во масата. Предизвикува ужасна болка и повреди кои го менуваат животот и не може да се изгаси со вода.
На неколку од проверените фотографии се прикажани артилериски гранати М825 и М825А1, кои исто така се означени како D528, код за идентификација на американското Министерство за одбрана (DODIC) за цели базирани на бел фосфор.
