НЕЗАВИСЕН РУСКИ МЕДИУМ - Путин е подготвен на преговори, но ова се неговите услови
Еден од последните независни руски медиуми Медуза денеска објави дека Путин е подготвен за преговори, но не без услови.
Според нив, рускиот претседател е подготвен руските трупи да се повлечат од Херсон и од целиот регион. Но, за да се случи тоа, Украина треба да се согласи на некои големи работи.
Како што пишува Медуза, Крим воопшто не би бил дел од преговорите бидејќи Путин имплицира дека тој останува руски. Исто така, едно од барањата е анектираната област Донбас да остане дел од Русија.
Ова се неофицијални информации и тешко е да се замисли дека Украина во овој момент би се согласила на ваков тип на договор.
Украина спроведува доста успешни контраофанзиви во последните неколку недели, а претседателот Володимир Зеленски постојано повторува дека војната ќе заврши кога ќе бидат ослободени сите украински територии, вклучително и Крим.
Исто така, Украина пред неколку дена објави дека немаат намера да преговараат со Русија додека Владимир Путин е на нејзино чело, но се подготвени да разговараат откако тој повеќе нема да биде на власт.
