Економија, финансии, бизнис

Контакт

Newsweek отиде во рацете на медиумската групација IBT

Newsweek отиде во рацете на медиумската групација IBT
Медиумската групација ИБТ (IBT), која е сопственик е на порталите “International BusinessTimes”, “Medical Daily”, “Latin Times” и “iDigitalTimes”, го презема и американскиот неделник „Њусвик“ (Newsweek). Деталите околу трансакцијата не се објавени, а договорот за купопродажба ќе биде потпишан во текот на наредните денови. Сегашниот сопственик на „Њусвик“, интернет групацијатата ИАЦ ( IAC), уште во мај објави дека неделникот е на продажба. Вториот најтиражен американски информативен неделник, кон крајот на минатата година „се прости“ од печатеното издание и оттогаш се појавува само во дигитална верзија.  
Слично

Поврзани вести