Невремето стигна и во Украина, улиците и метрото во Киев се под вода
Невремето кoe ja зафати Европа, стигна и до украинскиот главен град Киев.
Улиците и метро станиците се поплавени со вода поради силниот дожд, а сообраќајот во градот е парализиран. Ударите на ветрот достигнуваат 24 метри во секунда. Засега нема информации за жртви. Во поплавите кои ги погодија деловите на Западна Европа починаа најмалку 189 луѓе, а стотина се водат како исчезнати. Погодени се Германија и Белгија каде најдојдената вода уриваше и цели згради.
Во Германија е направена штета од неколку милијарди евра.
Слично
