Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕТО ДОНЕСЕ СНЕГ И МРАЗ, ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Има жртви, и повредени (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕТО ДОНЕСЕ СНЕГ И МРАЗ, ХАОС ВО ГЕРМАНИЈА: Има жртви, и повредени (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина, а 17 се повредени во несреќи што се случија во Германија поради мраз и снег, објави денеска германскиот весник „Тагесшпигел“.

Во близина на Илменау во Тирингија, вчераутро настрадал 65-годишен маж, пишува весникот, повикувајќи се на полицијата.

Во таа провинција врнеше снег, а температурата беше нешто над нулата степени.

Според извештаите, вкупно 17 лица се повредени поради невремето во централна и источна Германија.


Две лица во Тирингија, четири во Саксонија, четири во Хесен и седум во Саксонија-Анхалт.

Две лица се тешко повредени.

Мраз и денеска ќе биде во Германија, пишува весникот, повикувајќи се на германската метеоролошка служба (ДВД).

ДВД најави обилен снег и предупреди на услови за мраз.


Особено во Баварија, обилните врнежи може да доведат до прекин на сообраќајот и зголемен ризик од паѓање на дрвја, наведува „Тагесшпигел“.


ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести