Невреме во Пакистан, над 53 луѓе загинаа
Повеќе од 53 лица загинаа, а 60 се повредени во поројните дождови што го зафатија северозападниот дел на Пакистан.
Во некои делови на Кашмир обилните дождови предизвикале уривање на покриви од куќи, соопштија локалните власти. Неквалитетната градба на домовите, претежно во руралните делови на Пакистан, е главната причина за уривање за време на силните дождови.
„Смртни случаи се пријавени во провинцијата Хајбер-Пахтунва по невремето кое започна доцна синоќа“ - вели портпарол на провинциската Управа за вонредни ситуации.
Во кашмирското село Сам Гунг, пет деца и три жени синоќа загинале кога при лизгање на земјиште биле затрупани две куќи. Можно е бројот на жртвите од невремето да биде поголем.
Слично
