Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Невреме во Германија, вода однесе автомобили

(ВИДЕО) Невреме во Германија, вода однесе автомобили

Североисточното крајбрежје на Германија е погодено од најголемите поплави од 2006 година, кои предизвикаа сериозни штети, а метеоролозите прогнозираат бури во други делови на земјата, пренесе ДПА.

Водите на брегот на Балтичкото Море се покачија синоќа со 1,5-1,7 метри над нормалното ниво, а утрово опаднаа до околу 1 метар под средното ниво, изјавија од Федералната служба за морепловство и хидрографија.

Поплавите однесоа автомобили во повеќе градови, а делови се непроодни за пешаци. 

На островот Узедом стихијата нанесе штета на крајбрежниот булевар и на киосци за храна.

Во последните денови Германија беше зафатена од силни ветрови и мраз, кои доведоа до десетици сообраќајни несреќи.

Германската метеоролошка служба регистрираше ветрови со брзина 123 км / ч и температури до -20 степени. Бурата наречена Аксел, сега се движи во Балтичкиот регион кон Белорусија.

Предвидувањата за невреме имаше и за источниот и јужниот дел на Германија. 



Слично

Поврзани вести