НЕВРЕМЕ ВО БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ: Жена настрада откако врз неа паднало дрво
Балтичките држави денеска ги зафати невреме, а една жена загина откако врз неа паднало дрво.
Жртвата е 50-годишна жена која починала во Литванија откако паднале дрвја во близина на границата со Латвија. Невремето предизвика одложување на летовите, прекин на траектниот сообраќај и делумно излетување на воз од шините. Два вагона на патнички воз излетаа од шините во Шведска, но нема повредени. Во неделата во Шведска имаше илјадници удари од гром.
Во јужна Норвешка, властите го подигнаа предупредувањето за екстремни временски услови на највисоко ниво поради обилните врнежи од дожд, лизгање на земјиштето и поројните поплави, а улиците во главниот град Осло се поплавени. Во пристаништето денеска останаа фериботите што ги поврзуваат Полска со Шведска, два германски острови со континентална Германија, како и Норвешка со Данска. Фериботите и другите бродови кои сообраќаат до германските острови Хиндензе и Риген се откажани за денеска и утре, а од туристите е побарано да ги променат плановите за патување за среда.
Во Латвија град со големина на топче за голф паднал во селото Апгулде, југозападно од Рига. Ветерот со брзина од 108 километри на час собори дрвја. Во областа Добеле во Латвија, како што јави Балтик нуз сервис, невремето предизвикало голема штета.
Во Словенија има катастрофални поплави во кои загинаа 6 луѓе.