Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ ВО АЛПИТЕ: Eден скијач загина

НЕВРЕМЕ ВО АЛПИТЕ: Eден скијач загина

Снежно невреме во француските Алпи спречи околу 4.000 патници  да стигнат до ресортите за Нова година, а еден скијач загина при лавина, соопштија денеска надлежните. 

Планинските спасувачи велат дека 22-годишно момче загинало во лавина која го одвлекла од патеката за скијање, во саботата во Вал Дизер, ресорт познат на странските посетители.

Департментот Савој информираше дека 3.500 возачи ја поминале ноќта во засолништа откако снегот што наврнал ги направил патиштата непроодни.

Уште 500 луѓе кои за празниците слетале на аеродромот во Шамбери исто така преспале во засолништа.

Нивото на тревога за лавини е на четири од пет можни, соопшти националниот метеоролошки сервис.

Слично

Поврзани вести