Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ НА МАЛТА: Загина нуркач, туристи се спасени

НЕВРЕМЕ НА МАЛТА: Загина нуркач, туристи се спасени

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, а спасени се 17 туристи. 

Холандски нуркач настрада, а вооружените сили соопштија дека нуркачите во две групи биле во близина на Циркева, популарно место за нуркање на северниот дел на Малта, кога силните ветрови ненадејно го зафатиле морето.

Неколку патролни чамци и хеликоптер беа распоредени во потрага по нуркачи. Четворицата успеале сами да стигнат до брегот на помалку од еден километар. Очевидци велат дека нуркачите биле од различна националност.

Неколку илјади нуркачи ја посетуваат Малта годишно. Се смета дека ова е најголемата операција за спасување на нуркачи во државата. 

Слично

Поврзани вести