Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невреме ќе ги зафати САД

Невреме ќе ги зафати САД

Силно снежно невреме вечерва ќе ги зафати САД. 

Областа на Северен Тексас, сè до Нова Англија, ќе биде погодена од снежна бура ноќеска, а големи количини на врнежи се очекуваат во јужниот и централниот дел на Канзас, централниот дел на Мисури, северниот дел на Илиноис и централниот дел на Мичиген.

Постои можност училиштата да бидат затворено во одредени делови на Канзас Сити, Сент Луис и Чикаго, каде се очекуваат и до 20 сантиметри снег – пишува Телеграф.рс.

Метеоролозите најавуваат силно невреме и можни торнада во јужните и централните делови на САД. Влошување на времето се очекува во среда навечер, а може да бидат погодени дури 11 држави, од Тексас до Вирџинија.

Слично

Поврзани вести