Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВРЕМЕ ЈА ОКОВА ФРАНЦИЈА: Во земјата 75.000 луѓе се во мрак

НЕВРЕМЕ ЈА ОКОВА ФРАНЦИЈА: Во земјата 75.000 луѓе се во мрак

Силно невреме ја погоди Франција.  Имаше ветер со брзина од 100 километри на час. Ова резултираше со урнати дрвја на патиштата.  Денеска на удар е голем дел од северозападна Франција, каде во 14 области е објавен портокалов метео аларм, а во некои од нив прекинато е снабдувањето со електрична енергија. Застој има и во железничкиот сообраќај. 

Околу 75.000 потрошувачи утрово се во мрак. Информацијата ја потврди мрежниот оператор Енедис. 

Обилен снег се очекува и на пониски места, особено на југот од Централниот масив, на Алпите, на Пиринеите, а во на исток и на планините Јура. И претходно при невреме стотици домаќинства беа во мрак. 

Инаку, неодамна беше објавено дека граѓаните на Франција купуваат генератори затоа што се плашат дека ќе има рестрикции на струја. 

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести