Невработеноста во САД падна на петгодишен минимум од 7,7% во февруари
Американската економија во февруари создала повеќе нови работни места од очекуваното, а стапката на невработеност бележи пад на петгодишен минумум од 7,7%, покажуваат податоците кои ги објави Министерството за труд.
Економијата создала 236.000 нови работни места во текот на минатиот месец, а податоците за јануари беа ревидирани надолу до 119.000 нови работни места. Просечната прогноза на економистите беше за раст во бројот на нови работни места од 165.000.
Нивото на невработеност во САД се намали од 7.9% во претходниот месец. Бројот на нови работни места во секторот на градежништвото бележи најголем раст во псоледните шест години.
Основната каматна стапка на централната банка на земјата е на ниво блиску до нулата во последните четири години, а ФЕД купува државни обврзници и хартии од вредност обезбедени со хипотеки во вредност од 85 милијарди долари секој месец, за да се стимулира економскиот раст.
Од ФЕД потенцираат дека ќе ја одржуваат истата политика, додека стапката на невработеност не падне до 6,5%, а инфлацијата не порасне до 2,5%.
Слично
