Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во САД ги изненади пазарите и го крена доларот

Невработеноста во САД ги изненади пазарите и го крена доларот
Американската економија создала повеќе работни места од очекуваното во февруари. Тоа е сигнал дека пазарот на трудот се опоравува по проблемите предизвикани од тешката зима и студовите во февруари, пишува медиумите. Во февруари во САД биле создадени 175 илјади работни места. Прелиминарните очекувања на аналитичарите беа за 149 илјади работни места. И покрај  повеќето нови работни места , нивото на невработеност е зголемена до 6,7 отсто . Причина за тоа е фактот дека на пазарот излегле да бараат работа повеќе луѓе , дополнуваат агенциите . Како што е познато , во дефиницијата за невработеност е наведено дека невработените се луѓе кои активно бараат работа. Токму тука има многу критики против официјалната статистика , бидејќи бројот на т.н. обесхрабрени невработени - оние кои долг период останале без работа и веќе не добиваат помош , не спаѓаат во пресметување на стапката на невработеност. Веста за зголеменото ниво на невработеност сепак ги наметнува  шпекулациите дека Федералните резерви ќе запрат со планот за преземање на финансиски стимулации и доларот поскапе до 1,3870 EUR / USD. Силна промена се забележува и во расположението кај трговијата со злато. Благородните метали поевтинија со над 1% по вести за пазарот на труд во САД до 1 335 долари за унца. Претходно во текот на денот златото котира над 1350 долари за унца.        
Слично

Поврзани вести