Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во Германија во јули се зголеми на 6,8 проценти

Невработеноста во Германија во јули се зголеми на 6,8 проценти

Според официјалните податоци на Федералната агенција за труд стапката на невработеност во Германија вo јули се зголеми на 6,8 проценти.

Стапката на невработеност во јуни изнесуваше 6,6 проценти  односно 2,914 милиони регистрирани невработени лица.

Невработеноста во јули се зголеми за 49,000 лица во однос на претходниот месец, а за 38,000 во однос на јули 2012 година, соопшти Федералната агенција за труд.

Во летниот период, стапката на невработеност обично се зголемува поради одморите и поради фактот што студентите се пријавуваат како невработени лица.

Невработеноста во Германија е далеку пониска во споредба со другите европски земји како што се Шпанија и Грција,  кои имаат стапка на невработеност повисока од 25 проценти.

Слично

Поврзани вести