Невработеноста во Франција 10,5%, највисока во последните 15 години
Стапката на невработеност во Франција во третото тромесечие оваа година, пораснала на 10,5% достигнувајќи го највисокото ниво од крајот на 1997 година. Стапката на невработеност во тертиот квартал во Франција пораснала за 0,1 отсто во однос на претходното тромесечие, а за 0,6 отсто на годишно ниво, соопшто францускиот завод за статистика.
Растот на невработеноста во ова тромесечие не е разочарувачки, бидејќи е помал од прогнозираното ниво од 10,6 отсто. Во четвртото тромесечие се очекува стабилизирање на невработеноста.
Иако невработеноста во октомври е благо намалена, бројот на работно активно население без работа достигна рекордни 3,27 милиони.
Слично
