Невработеноста во Еврозоната руши рекорди
Инфлацијата во евро зоната во април падна на најниско ниво во последните три години, покажуваат објавените податоци на европската служба за статистика, Евростат.
Потрошувачките цени пораснале за 1,2 отсто заклучно со април, што е пад од мартовските 1,7 отсто и значително под пазарните очекувања од 1,6 отсто.
Тој пад најверојатно ќе изврши дополнителен притисок на Европската централна банка да се намали референтна каматна стапка од веќе историскиот минимум од 0,75 отсто.
Дополнителен притисок на ЕЦБ вршат и податоците на Евростат според кои стапката на невработеност во евро зоната во март пораснала на ново рекордно ниво од 12,1 отсто.
Слично
