Невработеноста во еврозоната порасна над 12%
И во месец мај се бележи нов раст на невработеноста во еврозоната, која според последните податоци од Евростат изнесува 12,1. Ова значи раст на бројот на невработени за нови 67 илјади лица, со што вкупната бројка се искачи на 19,2 милиониневработени Европјани.
Од средината на 2011 година раст континуирано бележи и бројот на лица во еврозоната кои бараат работа, а аналитичарите предупредуваат дека брјката и натаму ќе расте поради должничката криза.
Невработеноста меѓу младите во еврозоната достигна 23,8 отсто, односно во мај се регистрирани 3,5 милиони лица под 25 години без работа.
Според податоците од Евростат, највисока стапка на невработеност останува таа во Грција и Шпанија, а најниска во Австрија и Германија.
Во споредба со еврозоната , нешто пониска е стапката на невработеност во Унијата која изнесува 10,9 отсто, или 26,4 милиони лица.
Слично
