Невработеноста во Чешка во април се намали од осум на 7,7 проценти
Невработеноста во Чешка минатиот месец се намали на 7,7 проценти во споредба со март кога изнесуваше осум отсто, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Според податоците, кои се пресметуваат според нова методологија, без работа биле регистрирани вкупно 565.228 лица, од кои 551.662 на возраст од 15 до 64 години можеле веднаш да започнат со работа.
Иако бројот на невработени е помал во однос на претходниот месец, во споредба со истиот период минатата година, е забележано дека 67.906 повеќе луѓе се регистрирани во Бироата за вработување.
Аналитичарите сметаат дека за намалувањето на бројот на невработени влијае почетокот на периодот кога се актуелни сезонските вработувања и според нив не станува збор за подобрување на ситуацијата на пазарот на трудот.
- Долготрајно и видливо намалување на невработеноста во земјата може да се почувствува само доколку фирмите веруваат во економското оживување и започнат да отвараат нови работни места, смета директорот на компанијата „ПВЦ“ Либор Стодола, кој очекува ситуацијата да се подобри идната година.
