Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста во Чешка порасна на 9,4%, ќе биде уште полошо!

Невработеноста во Чешка порасна на 9,4%, ќе биде уште полошо!

 Драстично зголемување на невработеноста во Чешка за месец декември на  9,4 проценти, наспроти 8,7 проценти  во ноември, покажуваат оодатоците на чешкото Министерство за труд и социјална политика.

Според овие податоци, на крајот на 2012 година без работа биле 543.311 луѓе, односно речиси 37.000 невработени повеќе од 2011 година, што значи дека за едно слободно место се заинтересирани 16 лица. Аналитичарите веруваат дека состојбата со невработеноста и понатаму ќе се влошува. „Нашата економија моментално не создава нови работни места и постои опасност невработените да останат долго време без работа со сите социјални и економски проблеми кои со тоа доаѓаат“, тврди аналитичарот Вацлав Франче од „Рајфајзенбанк“.
Слично

Поврзани вести