Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невработеноста ја погоди и – Австралија?

Невработеноста ја погоди и – Австралија?
Стапката на невработеност во Австралија во јули се зголеми на 12-годишниот максимум и изнесува 6,4%, што е најнов показател дека економијата на оваа земја забавува. Според соопштението на австралискиот Завод за статистика, во јули дошло до неочекуван скок на невработеноста од јунските 6%. Аналитичарите, пак, очекуваа во тој месец во економијата да се отворат 12.000 нови работни места, но всушност се зголемил бројот на невработени за 43.700. Во моментот во Австралија се невработени 789.000 луѓе. По објавата на податоците австралискиот долар забележал пад на вредноста во однос на американскиот долар. За првпат од 2007 година, стапката на невработеност во Австралија е повисока од стапката на невработеност во САД.
Слично

Поврзани вести