Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Невозможна мисија“ за Кинезите - Франција постави услови со кои се загрозуваат некои од најпопуларните возила

„Невозможна мисија“ за Кинезите - Франција постави услови со кои се загрозуваат некои од најпопуларните возила

Производителите на електрични автомобили во Франција почнаа да ја доставуваат потребната документација за да можат да користат субвенции според построги прописи.

Новите услови што ги постави владата во Париз многу им отежнуваат на кинеските производители, кои сега имаат речиси „невозможна мисија“ да добијат субвенции.

Во услови на жестока конкуренција во секторот за електрични возила (EV), еколошкиот резултат на секој модел ќе се заснова на производниот циклус, земајќи ги предвид емисиите на јаглерод за транспортот и материјалите на автомобилот, како и изворите на енергија што се користат за нивно производство.

Резултатот, пресметан автоматски од посебна онлајн платформа, најверојатно ќе ги исклучи повеќето модели од азиско производство, дури и ако тие се некои од најпродаваните електрични автомобили во Франција, изјави владин извор, пренесе Ројтерс.

Ова ги вклучува, пред сè, Tesla Model Y и Tesla Model 3, како и Dacia Spring. Ова се некои од најпопуларните модели во Франција кои се произведени во Кина, заедно со се попопуларниот MG4 направен од групацијата SAIC.

Државната субвенција за електрични автомобили е 5.000 евра за повеќето домаќинства, а 7.000 за најсиромашните. Производителите на автомобили треба да добијат одговор во средината на декември и ќе им биде дозволено да се жалат на одлуката.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Слично

Поврзани вести