Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВООБИЧАЕНА НЕСРЕЌА, Средновечен маж од Србија се удави во буре полно комиње

НЕВООБИЧАЕНА НЕСРЕЌА, Средновечен маж од Србија се удави во буре полно комиње

Во селото Драговац, на влезот во градот Бојника, синоќа настапила засега неевидентираната смрт на маж со иницијали С.Р. стар околу 50 години, кој се удавил во пластично буре од 200 литри полно со комиње од ракија.

- Станува збор за случајна смрт - изјави портпаролка Марија Соколовиќ, пренесува „Нова.рс“.

Според мештаните, мажот се удавил околу 19 часот, во време кога во тој дел на Србија немало големи горештини.

Кога тоа се случило тој бил сам покрај бурето, па не знае како паднал во него. Се претпоставува дека од брзање се лизнал, паднал внатре во бурето од каде што не можел да излезе.

Сигурно е само дека и рекол на мајка си дека ќе оди да „промеша во бурето со комиње“.

 Инаку, комиње како што е познато е остатотк од овошје, обично грозје,  кое по гмечњето се остава да ферментира, по што се точи вино или се вари ракија. 

С.Р. не е роден во Драговац, туку се преселил таму со мајка му и сестра му од Клајиќ во општина Либане. Тој живеел са со мајка му и не бил оженет.

Слично

Поврзани вести