Невиден снег по 135 години го парализираше Ерусалим
По обилните снежни врнежи , кој го парализираше Ерусалим минатите два дена , снегот продолжува и денеска , пренесуваат израелските медиуми.
Според портпаролот на полицијата, едно бебе опочинало во градот Лод , централен Израел , при пожар најверојатно предизвикан од неисправни радијатори. Поради лошото време загинал и 36 -годишен маж , кој се обидел да го поправи покривот на домот кој протекувал. Според изјавата на метеорологот во израелското воено радио, снежни врнежи во изминатите денови доаѓаат по пауза од 1879 година.
Очекувањата се снегот да се намали постепено и во текот на ноќта да запре. Близу 29 000 домаќинства останале утринава без струја , од нив 13 000 во Ерусалим , пренесува БГНЕС .
Израелската полиција соопшти на Твитер дека 200 возачи се блокирани по снежните патеки . Во исто време пристапот до 45 градови и села во северниот дел на земјата е оневозможен поради снегот. Во остатокот од регионот силни дождови го блокираа два часа автопатот што ги поврзува Тел Авив со периферијата поради излевање на блиската река.
Двете магистрали кои водат кон Ерусалим , исто така се прекинати, возовите доцнат. На Западниот брег патиштата исто така се непроодни и многу домаќинства 48 часа се без струја. Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци помага со 4.000 нејзини членови во евакуирање на стотици семејства од поплавите.
Слично
