Економија, финансии, бизнис

Контакт

Невиден преседан во историјата: На барање на Трамп, ФИФА одложи казна за црвен картон на Светското првенство

Невиден преседан во историјата: На барање на Трамп, ФИФА одложи казна за црвен картон на Светското првенство

Скандалозната одлука на ФИФА да ја одложи казната за американскиот фудбалски репрезентативец Фоларин Балогун поради директен црвен картон очигледно била кумувана од американскиот претседател Доналд Трамп за време на Светското првенство, чиј еден од домаќините е САД.

Според ФИФА, тие тврдат дека немало политичко влијание врз одлуката и дека независниот дисциплински комитет постапил во согласност со правилата во врска со црвениот картон што го доби американскиот репрезентативец Фоларин Балогун на натпреварот против Босна и Херцеговина.

По одлуката за одложување на суспензијата, американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер за да каже дека „ФИФА постапи правилно“.

Си-Ен-Ен, исто така, објави дека улогата на Трамп во неверојатната одлука на ФИФА е „под лупа“. Телевизиски извор изјавил дека Трамп разговарал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино по црвениот картон на Балогун и побарал од првиот човек на светската фудбалска централа да ја преиспита одлуката.

Веста дека 25-годишниот напаѓач повеќе нема да биде предмет на автоматска суспензија од еден натпревар по директен црвен картон ја шокираше јавноста. Со денови, САД и навивачите на нивната репрезентација беа убедени дека не постои механизам за бришење на суспензијата на Балогун.

По ова следеше извештај во списанието „Атлетик“, кое е специјализирано за аналитичко спортско известување, а потоа и официјално соопштение од ФИФА дека одложувањето е одобрено. Дисциплинскиот комитет на меѓународното управно тело одлучи да го користи членот 27 од својот кодекс, кој му дозволува на надлежното судско тело целосно или делумно да го суспендира спроведувањето на дисциплинските мерки на теренот за време на пробен период.

Ова значи дека забраната на Балогун е суспендирана „за пробен период од една година“.



Слично

Поврзани вести