Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВИДЕН НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ ВО ГЕРМАНИЈА: Аптеките се празни, нема ни за температура, ни за притисок...

НЕВИДЕН НЕДОСТИГ ОД ЛЕКОВИ ВО ГЕРМАНИЈА: Аптеките се празни, нема ни за температура, ни за притисок...

Од сирупи за детски сирупи за температура до лекови за третман на тумори - германските аптеки се борат со невиден недостиг. Причината е што домашно производство на одредени лекови речиси и да нема, а не е исплатливо ниту за производителите.

-Ни недостигаат антибиотици, лекови против болки, но и за притисок, рак, стомак, срце“, вели фармацевтот Фатих Кајна. Во неговата аптека во Берлин моментално недостасуваат 274 лекови. „Посебно ни е тешко да се грижиме за децата“, вели Кајнак. Се гледа дека ситуацијата го депримира.

Бебињата и малите деца не можат да голтаат апчиња. Кога имаат треска или болка, им се даваат сирупи кои содржат активна состојка парацетамол или ибупрофен. Во Германија годишно се продаваат повеќе од десет милиони вакви сирупи, но моментално полиците во аптеката во која работи Кајнак се главно празни. Недостигаат и пеницилински и други антибиотски сирупи.

Проблеми со снабдувањето имаше и летово, но само спорадично, вели фармацевтот. „Тоа би траело можеби две недели, а потоа ќе дојде повторно. Сега ситуацијата е навистина лоша“.

Болниците се полни

Очајните родители веќе со месеци пишуваат за тоа на социјалните мрежи и форуми. Таму се разговара и за алтернативи, но се почесто единствената опција е да се носи детето во болница, бидејќи студените облоги дома не успеале да му ја намалат температурата.

Сепак, поради големиот број случаи на респираторен синцицијален вирус (РСВ), детските одделенија сега се толку преоптоварени што дури и малите пациенти чие здравје е најтешко загрозено мора да чекаат со часови за да бидат примени. Истовремено, лековите се сè поретки и во болниците. Во многу болнички аптеки затоа повторно почнаа сами да прават сирупи за намалување на температурата.

Се работи за пари

Токму цената го доведе пазарот во Германија до ваква ситуација. Производството на одредени препарати во Германија и Европа едноставно не е исплатливо за фармацевтската индустрија. На пример, здравственото осигурување на компаниите им плаќа 1,36 евра за шише парацетамол сируп. Таа сума не е зголемена десет години, а во меѓувреме само годинава поскапела активната состојка парацетамол за 70 отсто.

„Експлозијата на цените и производството на лековите, заедно со замрзнатите продажни цени, доведе до тоа лекови како што се сирупите да се произведуваат со загуба. Ниту една компанија не може да го издржи ова на долг рок“, се жали Андреас Буркхард, извршен директор на фармацевтската компанија Тева.

Таа компанија е последниот голем производител на парацетамол сируп во Германија. Пред 12 години ги имаше единаесет. Откако уште еден од нив престана со производство во мај годинава, Тева треба да покрие 90 отсто од побарувачката. Ова не е изводливо, посочуваат од компанијата. Затоа ги откажаа сите нарачки од германските аптеки за вообичаеното зимско складирање во текот на летото. Како резултат на тоа, „забележано е значително зголемување на набавките од аптеките“, анализира Федералниот институт за лекови и медицински помагала. Се што е можно беше купено. „Има премалку добавувачи“, вели Томас Фишбах, претседател на здружението на педијатри. „Фиксните цени предизвикаа производството да се пресели во земји со ниски плати како што се Индија и Кина, а таму има проблеми со синџирот на снабдување, што пак води до тесни грла во дистрибуцијата.

ФОТО: EPA-EFE/WALTER BIERI DATABASE

Слично

Поврзани вести