НЕВИДЕН КРИМИНАЛЕН БРАН ЈА ТРЕСЕ ЈАПОНИЈА: Еве што се краде масовно, а вредноста е стотици илјади долари
Јапонија е
потресена од бран кражби на картички од Покемон од продавници кои продаваат на
колекционери. За да ги добијат овие, често вредни, картички, крадците се
подготвени да преземат големи чекори.
Сопствениците на овие специјализирани продавници пријавиле загуби во вредност од десетици илјади долари. Новиот извештај на Wall Street Journal открива на што се се подготвени крадците кои имаат намера да ги украдат овие многу барани картички, од кои некои чинат над 100.000 долари.
Во еден од инцидентите човек врзал јаже на врвот на зградата и се спуштил на шестиот кат каде што скршил прозорец и украл колекција од картички од Покемон. Осомничениот, кој на крајот беше уапсен од полицијата, рече дека ги користел вештините што ги научил на часовите по качување во средно училиште.
Минатиот август, крадците украле околу 540 картички во вредност од околу 200.000 долари од продавница во Токио. И минатиот месец, крадци упаднаа во продавница во Кјушу, при што украдоа околу 600 картички вредни околу 47.000 долари.
ФОТО: EPA-EFE/Ida Marie Odgaard