НЕВИДЕН ГРАБЕЖ: Девојка украде неколку вреќи со пари во Германија
28 годишна девојка украла 8 милиони евра од компанијата во која работела.
Германската полиција трага по Јасмин Гундоган од Бремен, која на 21-ви мај од компанијата за безбеден превоз на пари во која работела ги украла средствата. Некои детали за нејзиниот живот ги открил еден нејзин поранешен соученик, кој за "Bild" рекол дека уште како дете таа сакала да биде богата и убава.
„Сите мислевме дека не е многу бистра", рекол нејзиниот поранешен соученик.
"Bild" пишува дека работата во компанијата на Јасмин и ја пронашол нејзиниот татко. Јасмин во Германија живеела со својата мајка и сестра. Полицијата трага и по евентуални соучесници. Гундоган во компанијата била одговорна за пакување и превоз на парите. Во петок, на 21-ви мај, украла контејнер со неколку вреќи полни со пари, а потоа отворила боледување. Исчезнувањето на парите било откриено дури 4 дена подоцна. Контејнерот со број 06414 бил внесен во црн мерцедес со украдени регистарски таблички.
