Невеста починала моменти по својата свадба
Трагична приказна доаѓа од Нов Зеланд каде младата 26 годишна невеста Џамеика Мекарти Харфорд починала од бактериска инфекција неколку моменти по нејзината свадба.
На социјалните мрежи се појавија слики од венчавката и пресреќна Џамеика со нејзиниот сопруг Алистар. Кратко по завршувањето на свадбените церемонии Џамеика ненадејно починала.
Според извештајот од обдукцијата главна причина за смртта е бактериска инфекција од менингитис која го напаѓа мозокот и е речиси секогаш фатална. Семејството соопшти дека е ужасното од нејзината ненадејна смрт на таков брутален и неочекуван начин.
Медицинските власти во Нов Зеланд работат заедно со членовите на семејството на Џамеика со цел да се открие дали бактериската инфекција се проширила на други лица со цел да спречат нови фатални случаи.
