НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО: Полицијата во Франкфурт им се заблагодари на граѓаните за начинот на кој го прославија Велигден
Граѓаните на Франкфурт во неделата го искористија убавото време и Велигден го прославија во парковите. Но, максимално ги почитуваа мерките за заштита од коронавируст. Немаше трчање по топки, немаше групирања на повеќе од двајца луѓе, а паркот беше доволно широк да бидат испоседнати на тревата на одередна далечина. Убавиот сончев ден си го прославија културно, тивко и со по некоја книга. А полицијата немаше што друго да им каже, отколку да им се заблагодари.
-Полицијата на град Франкфурт ви благодари што го почитувате социјалното дистанцирање. Само така можеме да го спречиме ширењето на вирусот. Нам ни останува да ви посакаме сочев и среќен Велигден и останете во добро здравје, им порачаа преку разглас од полициското комбе кои правеше обиколка низ градот.
