Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈАТНО: Тужи сè живо и бара повеќе пари отколку што има на Земјата!

НЕВЕРОЈАТНО: Тужи сè живо и бара повеќе пари отколку што има на Земјата!
Еден 62-годишен жител на Њујорк влезе во историјата со најголемата приватна тужба што некогаш е покрената. Антон Пурисима има цел список на институции и луѓе кои ги тужи и од нив бара надомест на штета во висина на неверојатни две квинтилијарди долари. Во тужбата напишана на рака, доставена до Сојузниот суд во Менхетен, Пурисима ги тужи кафулето „Au Bon Pain“, две болници, продавнифцата К-Март, итната служба, јавниот превоз на Њујорк, аеродромот Ла Гвардија, Градот Њујорк и едно приватно лице. Сите ги обвинува за кршење на човековите права, повреда, дискриминација врз основа на националност, малтретирање, измама, обид за убиство, намерно нанесување на душевна болка и за завера. Не е сосема јасно што го натерало Пурисима да ја покрене тужбата, но од неговата пријава се заклучува дека се започнало со „бесно“ куче кое го каснало додека се возел со автобус, потоа „неколкумина Кинези неовластено го фотографирале додека бил во болница“, но во истовреме тој тврди и дека кафуле на аеродромот со години прескапо му го наплаќа кафето. Но, она што е уште поневеројатно од целата оваа приказна е сумата која тој бара да му се исплати како отштета - 2 квинтилијарди американски долари - број со 33 нули, што е повеќе пари отколку што некогаш постоеле на Земјата, дури и повеќе отколку што би вредела целата планета доколку од неа ја извадиме целата нафта, сите вредни метали и минерали и се обидеме да ги продадеме на слободен пазар. Пурисима, во образложението на својата тужба, навел дека штетата која му е нанесена „не може да се мери со пари“.
Слично

Поврзани вести