Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈАТНО: По неколку часа уште еден масакр во САД, десетмина убиени во Дејтон

НЕВЕРОЈАТНО: По неколку часа уште еден масакр во САД, десетмина убиени во Дејтон

Десет лица, вклучително и осомничениот напаѓач, загинаа во пукање во Дејтон, Охајо, а повредени се најмалку шеснаесет, соопшти тамошната полиција. Засега е познато само дека се работи за белец облечен во црно.

Напаѓачот испукал истрели кон луѓе во кафулето во населбата Дејтон во Орегон и уби неколку лица, а нападот се случи само неколку часа по смртоносно пукање во мол во Тексас, при што загинаа 20 лица.

Полицијата била повикана околу 1:20 часот по полноќ по локално време во кафе-барот Нед Пеперс на Ист Фифт стрит, а на местото на настанот има голем број на амбулантни возила.

Истата вечер претходно Патрик Крузиус, 21-годишно момче, уби 20 луѓе пред трговски центар на Волмарт во Ел Пасо во американската сојузна држава Тексас, а 28 луѓе беа ранети. Напаѓачот е уапсен, соопштија властите.  Масовниот убиец е од Алан, град на околу 1000 километри од Ел Пасо, и бил анти-мексикански настроен приврзаник на претседателот Доналд Трамп. Кога отворил оган со автоматот AK-47 луѓето панично почнале да бегаат од трговскиот центар.

Oва е осмиот најсмртоносен напад во модерната американска историја и најголем во САД оваа година. Само пред шест дена вооружен тинејџер уби тројца луѓе на фестивал за храна во Северна Калифорнија.


Слично

Поврзани вести