Неверојатно: Пензионер остана без пари поради грешка стара 11 години
Британецот Дерек Ричи (63) добил шокантно известување дека мора да врати 28.640 евра кои 11 години ги примал поради административна грешка направена уште во 2014 година. Во март добил писмо со извинување и обврска да ги врати парите – веднаш или на рати.
Ричи побарал објаснување за ситуацијата, но не добил никаков одговор. Наместо тоа, по неколку месеци пристигнало предупредување дека ќе биде тужен доколку не започне со отплата.
Тој вели дека сега се соочува со големи финансиски тешкотии и дека, иако е пензионер, ќе мора повторно да се вработи за да го покрие долгот.
Ричи е само еден од над 2.000 пензионери погодени од истата грешка, а властите се обидуваат да повратат милионски суми. Пензискиот систем неодамна премина под управување на компанијата „Capita“, која најави подобра контрола и помалку пропусти.
