Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВЕРОЈАТНО: Од ОВА умираат 4,3 милиони луѓе годишно!

НЕВЕРОЈАТНО: Од ОВА умираат 4,3 милиони луѓе годишно!
Околу 1,3 милијарда луѓе на светот и натаму живеат без струја, а 4,3 милиони луѓе секоја година умираат од загадување на воздухот во домовите предизвикано од отворен пламен кој се користи за готвење, покажа нов извештај. „Тука се работи за огромен проблем во смисла на глобалниот пристап до струја“, вели Сајмон Трејс, раководител на невладината организација Practical Action од Њујорк. Трејс, кој го објави извештајот „Енергетската перспектива на сиромашните луѓе“, вели дека дури и денес повеќе од една милијарда луѓе во целиот свет имаат отежнат пристап до струја, а 2,8 милијарди и натаму готват на отворен оган. „Готвењето на отворен оган е одговорно за 4,3 милиони загубени животи затоа што е проследено со загадување на воздухот во домовите“, вели Трејс, а најчесто на овој начин со живот плаќаат жените и децата.
Слично

Поврзани вести