Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неверојатно: Фатиле огромен питон кој може да задуши и да проголта елен

Неверојатно: Фатиле огромен питон кој може да задуши и да проголта елен

Истражувачи во Флорида користејќи  нов пристап за борба со уништувачи на локалната флора и фауна, уловиле питон - женка со должина 5,2 метри.  Зоолозите тврдат дека змијата е доволно голема и силна, за да задави и да проголта елен, пренесуваат тамошните медиуми.

Фатениот  женски питон тежи над 140 килограми. Ова е еден од најголемите питони заробени во јужна Флорида.

 Истражувачите го откриле огромниот  рептил користејќи машки питони, опремени со предаватели што им овозможиле следење на питоните  во периодот на размножување.

"Екипата не ја улови само огромната змија, но и собира податоци за научни истражувања и учи како питоните се размножуваат", рекоа научниците.

 Утврдено е дека долгата над 5 метри женка имала 73 јајца. Влекачите  немаат никаква конкуренција меѓу грабливите видови на животни во Флорида и се размножуваат брзо, создавајќи "значителни закани за локалната дива природа", предупредуваат истражувачите.  

 Змиите можат да уништат дел од локалната дива природа во Флорида, не само хранејќи се со мали животни како зајаци, птици и опосуми, но исто алигатори и возрасни елени.

Фатениот питон гигант е од раса Бирмански питон и се смета за доведен однадвор вид, откако за прв пат е доведен во Флорида во 80-тите години.  Сега бројот на питони изнесува приближно рекордни 300 000.

 Тие веќе се детектирани и во државите северно од Флорида. 

Слично

Поврзани вести