НЕВЕРОЈАТНО – ШВЕЃАНИТЕ СМИСЛИЈА НАЧИН КАКО БЕСПЛАТНО ДА СЕ ГРЕАТ: Нивниот изум ќе загрее околу 30.000 домаќинства
Шведска со нов изум, пронајдоа начин како бесплатно да се греат куќи. Нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема иновација во еколошките технологии. Во еден дел од Стокхолм, поточно во населбата Скарпанк, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие загреваат, но никому не му паднало на памет дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќата.
Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Со топлинската енергија на компјутерот ќе се греат околу 30.000 домаќинства.
Целиот проект го води компанијата Фортум, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.
Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“ ќе стане уште понапреден еколошки.
фото: Unsplash