НЕВЕРОЈАТНО - двегодишно дете падна од 15 кат и преживеа, еве како
Американските медиуми сензационално ја пренесуваат веста за мало момче кое иако паднало од 15 кат од еден облакодер сепак преживеало.
Инцидентот се случил во близина на Вашингтон, во округот Монтгомери, Мериленд.
Детето ја скршило раката при падот, но инаку е во стабилна состојба.
Како што јавуваат медиумиет иако двегодишно момче паднало од 15-ти кат на облакодер во близина на американскиот град Вашингтон преживеало благодарение на блиските грмушки.
Портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, Мериленд, изјави дека падот од балконот бил ублажен од грмушки на земјата, објавија американските медиуми.
- Неговата возраст, големина и тежина се она што всушност помогна, бидејќи ако беше потежок, можеби немаше да преживее, рече портпаролот на противпожарната служба.
Момчето си ја скршило раката при падот, но не е јасно како се случила несреќата.
- Неговата возраст, неговата големина и неговата тежина се она што всушност помогна, бидејќи ако беше потежок, можеби немаше да преживее... Мислам дека тоа беше комбинација од таа оградашто беше таму, таа природна ограда од грмушки и неговата големина и тежина- рече портпаролот на пожарникарите...
Момчето било примено во болница со скршена нога и други повреди, но неговите повреди не биле опасни по живот, пишува People.
Родителите на момчето биле во станот за време на падот, балконот има заштитно стакло...
Фото: Принтскрин/Јутуб
