НЕВЕРОЈАТЕН СЛУЧАЈ ВО ГЕРМАНИЈА: Полицијата го бркала на автопат 15 минути, возачот спиел
Сообраќајците во Баварија, Германија се соочиле со долга потера откако авомобил Тесла не застанал и покрај ротационите светла. Полицијата првично се обидела да го запре возилот во рамки на нивните рутински проверки, но потоа следеше филмска потера откако возилото не застана по сигнализацијата.
Германски возач како што пишува „SkyNews“ решил да дремне на воланот додека патувал по автопат. Полицијата соопштила дека возачот ја уклучил функцијата „автопилот“ на невовиот автомобил „Тесла“ и се потпрел на седиштетот и заспал. Авотомобилот продолжил да вози по А70 во близина на баварскит град Бамберг, пишува Sky News.
Сообраќајниците велат дека се обиделе да го запрат возилото за да го проверат, но тоа не застанало цели 15 минути. Во соопштението на баварската полиција се наведува:
- Очигледно е дека возилото го задржало истото растојание од патролното возило од раскрсницата Вирет-Трунштат до раскрсницата Бамберг-Хафен со брзина од 110 километри на час. Го најдовме возачот спуштен на седиштето, со затворени очи и рацете трганати од воланот.
- Затоа се сомневаме дека ги оставил контролите на автопилотот и заспал - потенцирале службениците.
По околу 15 минути мажот конечно се разбудил и ги следел упатствата на полицијата. Полицијата соопшти дека пронашла и специјален тег за воланот - уред кој се користи за симулирање на тежината на рацете на воланот, кој бил скриен.
Полицијата соопшти дека покренала истрага за кривично дело загрозување на сообраќајот на патиштата. Мажот бил принуден да ја предаде возачката дозвола додека не се појави на суд.
Според тамошните закони, возачите на патнички автомобили во Германија не можат да користат целосно автономни функции за возење и мора постојано да ги управуваат или контролираат своите возила.
