Неверојатен рекорд: Колку имигранти го преминале Средоземното Море за месец дена?
Над 218 000 имигранти го преминале Медитеранот и пристигнале во Европа во октомври, што е месечен рекорд, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
„Минатиот месец беше одбележан како месечен рекорд на мигрантите кои пристигнале во Европа“, изјавил портпаролот на организацијата Адријан Едвардс. Претходниот месец во септември пристигнале 172 843 мигранти.
На ажурираните податоци на Комесаријатот во октомври 218 394 лица го поминале Средоземното Море за пат кон Европа и покрај лошите временски услови, што е малку повеќе отколку за целата 2014 година. Големо мнозинство од нив - 210 000 - пристигнале во Грција од Турција, главно на островот Лезбос, а 8129 пристигнале во Италија.
За споредба, во октомври 2014 година во Италија пристигнале над 15 000 луѓе. Експертите објаснуваат дека опаѓа трендот и со тоа дека Сиријците веќе не одат во Европа и во Италија, туку во Турција и Грција.
Досега Високиот комесаријат за бегалци на ОН предвидуваше дека оваа година во Европа од Средоземното Море ќе дојдат над 700 000 мигранти. Но досега веќе пристигнаа 744 000 и организацијата ќе ги ревидира проекциите и ќе го објави ажурираниот список до крајот на месецот.
Од почетокот на годината околу 3440 лица загинаа или исчезнаа при обид да го преминат Медитеранот, за да стигнат до Европа. Повеќето смртни случаи сепак се на пат кон Италија.
