Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неверојатен пресврт во Северна Кореја!

Неверојатен пресврт во Северна Кореја!
Северна Кореја сака посилна соработка со Германија и Европската унија, оцени германскиот парламентарец Хартмут Кошик, кој неодамна ја посети оваа досега изолирана земја. Доколку впечатоците на германскиот пратеник се потврдат, ова би значело голем пресврт во надворешната политика на Северна Кореја. Властите во Пјонгјанг изјавиле дека се подготвени за дијалог околу прашањата за човековите права и односите меѓу двете Кореи, на кои досега одбегнуваа да разговараат. Претставникот на германската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), кој сега е во Пекинг, нагласил дека Германија не може да биде посредник во односите меѓу двете Кореи, но би можела да биде искрен советник.
Слично

Поврзани вести