Економија, финансии, бизнис

Контакт

НЕВАДА ЌЕ ПРЕСУДИ: Бајден на само 6 чекори до Белата Куќа, има 264 гласа од потребните 270, Трамп остана на 214

НЕВАДА ЌЕ ПРЕСУДИ: Бајден на само 6 чекори до Белата Куќа, има 264 гласа од потребните 270, Трамп остана на 214

Претседателскиот кандидат на американските демократи, Џо Бајден има само уште шест чекори до овалната соба во Белата Куќа, односно му недостигаат уште шесте изборни гласови од сојузната држава Невада, каде што вчера беше прекинато гласањето и од оваа сојузна држава се уште не се објавени резултатите.

Инаку, тој успеа во Мичиген да го победи својот републикански ривал, актуелниот претседател Доналд Трамп, кој на овие претседателски избори се обидува да го добие вториот мандат.

По освојувањето на 16 изборни гласови во Мичиген, Бајден сега има вкупно 264 електронски гласови, а за целосна победа му требаат вкупно 270. Претходно, штабот на Трамп поднесе барање да прекине броењето на гласачките ливчиња во Мичиген, со барање да добијат пристап и увид во броењето.

Победата на Бајден во Мичиген е голем удар за републиканскиот кандидат Трамп, на изборите во 2016 година таму освои победа, исто како и во Винсконсин и во Пенсилванија. 


Слично

Поврзани вести