НЕУСПЕШНО ЗАВРШИ АКЦИЈАТА ВО БЕЛГИЈА: НЕ е уапсен „мозокот“ на нападите во Париз!
Денешната полициска операција во бриселскиот кварт Моленбек заврши без приведени, соопшти "Франс прес", повикувајќи се на изјава од обвинителството.
Градоначалникот на соседството Моленбек кој е во фокусот на истрагата за нападите во Париз, изјавил за националната телевизија RTBF дека целта на денешната акција е апсење на Салах Абдеслам - осомничен дека е еден од учесниците во пукањето и главен организатор во петочната ноќ во француската престолнина.
Претходно радио RTL соопшти дека Абдеслам бил уапсен. Малку потоа националната телевизија RTBF соопшти дека има уапсен при уште една полициска операција во предградието Молебнек крај Брисел, но тој не е Салах Абдеслам.
Властите ги демантираа и двете информации.
Абдеслам - француски граѓанин на 26 години, бил запрен за кратко во саботата наутро во близина на француско-белгиската граница, но потоа бил пуштен да продолжи со двајцата другари, бидејќи неговотопо име уште не била распишана потерница во цела Европа.
За Абдеслам се смета дека е еден од тројцата браќа, вмешани во нападите. Неговото име е запишано како човекот што го ангажирал возилото паркирано пред концертната сала "Батаклан", каде загинаа повеќето луѓе - 89 лица.
Ибрахим Абдеслам е еден од разнесените седуммина бомбаши, а третиот брат, чие име се уште не е споменато, беше уапсен во Брисел заедно со уште 6 лица под сомнение за поврзаност со терористичките напади.
Денес адвокатот на Мохамед Абдеслем соопштија пред "Франс прес" дека неговиот клиент е ослободен, без да му бидат покренати обвиненија.
Од обвинителството во Белгија прецизираа дека вкупно петмина од 7-те приведени биле пуштени во понеделникот. Против двајца сепак ќе бидат покренати обвиненија за вршење на терористички напад и активности во рамките на терористичка организација.
Во меѓувреме, во масовни полициски акции во неделата вечерта и понеделник наутро во Франција беа приведени 23 лица, соопшти министерот за внатрешни работи Бернар Казанов, цитиран од "Либерасион". Уапсените се од 19 департмани. Полицајците извршиле 168 претресот, запленети се 31 оружја. Казанов посочи дека овие операции ќе продолжат.
