Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неуспешен обид за државен удар во Гамбија

Неуспешен обид за државен удар во Гамбија
Десетици воени лица и цивили биле уапсени и затржани за испитување, а било запленето и големо количество на експлозив и оружје откако во вторникот била нападната претседателската палата во Гамбија при обид за спроведување државен удар, изјавил извор од Националната разузнавачка служба, пренесуваат светските медиуми. Според претседателот на Гамбија, Јахја Џамех, кој за време на нападите се наоѓал во Дубаи, виновни за нападот се „странските дисиденти и терористи“, тврдејќи притоа дека тоа не бил обид за негово соборување од власт. „Тоа беше напад на дисидентите со седиште во САД, Германија и Велика Британија. Тоа не беше државен удар. Станува збор за напад на терористичка група со помош на сили кои нема да ги именувам“, истакна Џамех. Тој нагласил дека воените сили се „многу лојални“ и дека во нападот на неговата резиденција учествувале поранешни војници и команданти. Долгогодишниот шеф на државата, кој дојде на власт со државен удар пред 20 години, во претходните години ги задушувал протестите на неистомислениците. Џамех е критикуван од Меѓународната заедница поради кршење на човековите права и слободи, а на мета на режимот се новинарите, политичките дисиденти и хомосексуалците.
Слично

Поврзани вести