Нето миграцијата во Велика Британија за 12 месеци со историски рекорд
Нето миграцијата во Велика Британија за 12 месеци достигна историски рекорд, пренесоа светските агенции, цитирајќи ја британската Национална статистичка служба.
Во периодот март 2014 година - март 2015 година во Велика Британија влегле легално 636 000 мигранти, а од земјата емигрирале 307 000 луѓе. Разликата од 329 000 луѓе е нето миграција или миграциско салдо.
Претходниот историски рекорд на миграциските салдо е од 320 000 луѓе во периодот јуни 2004 - 2005 година.
Слично
