Нетанјаху: Она што Хамас ќе го искуси ќе биде тешко и ужасно, ќе ги поразиме
Милитантите од Хамас не сакаат преговори со Израел, а израелските власти се заканија со одмазда.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ова е само почеток на она што Хамас ќе го искуси како казна за саботниот изненадувачки напад на земјата, по кој бројот на жртвите расте.
„Она што Хамас ќе го искуси ќе биде тешко и ужасно. Ова е само почеток. Ќе ги поразиме со огромна сила. Нашиот одговор ќе го промени Блискиот Исток“, изјави Нетанјаху при посетата на јужен Израел.
Израелската јавна телевизија „Кан“ објави дека бројот на загинати во Израел пораснал на 800, а 2.400 се повредени. Во воздушните напади на Газа загинале речиси 600 Палестинци. Потврдена е смртта на девет американски и на двајца француски државјани, а десет британски граѓани се водат како мртви или исчезнати.
Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, изјави дека Израел сега ги контролира сите населени места и веќе нема борби на територијата на Израел, но постои можност дека некои милитанти на Хамас сѐ уште се кријат.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека извештајот што го предупредува шефот на египетското разузнавање Абас Камел за „невообичаена, ужасна операција“ десет дена пред нападот на Хамас е „целосно лажна вест“.
Веќе има економски штети од војната, а падна и вредноста на израелската валута.
