Нетанјаху објави вознемирувачки фотографии од запалени бебиња
Израелските власти објавија вознемирувачки фотографии од изгорени бебиња. Тврдат дека милитантите од Хамас ги запалиле бебињата.
„Хамас е нехуман. Хамас е ИСИС“, соопштија од канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во објавата на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Фотографиите се крајно вознемирувачки и се наоѓаат на следниот линк.
Објавени се три фотографии на кои се гледаат две бебиња чии тела биле изгорени до непрепознатливост. На третата фотографија се гледа дека на телото има крв.
Ова се дел од фотографиите што Нетанјаху ги покажа на американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на неговата посета на Ерусалим.
Слично
