НЕТАНЈАХУ НАРЕДИ УРИВАЊЕ НА КУЌИТЕ НА ПАЛЕСТИНЦИТЕ КОИ ИЗВРШИЈА НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ: Оние кои ги поддржаа ќе бидат уапсени
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се урнат куќите на Палестинците кои денеска убија тројца Израелци.
Напаѓачите на Хамас денеска извршија напад во Ерусалим. Премиерот нареди рушење на куќите на двајцата терористи и апсење на оние кои ги поддржуваат. Хамас ги пофали своите борци. Напаѓачите се убиени. Едниот имал 30, а другиот 38 години. Се смета дека се од селото Сур Бахер во Источен Ерусалим. Нетанјаху на денешната средба во Ерусалим со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакнал дека ќе продолжи војната против Хамас. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. Тие бараат формирање не независна палестинска држава со главен град Ерусалим.
Слично
