Нетанјаху кажа дека Турците извршиле геноцид врз Ерменците, Турција ја прекина трговијата со Израел
Турција ги суспендираше сите комерцијални врски со Израел.
„Како реакција на дејствијата на Израел во Газа, Турција ги суспендираше сите комерцијални врски со Израел и го забрани преминувањето на израелските авиони низ нејзиниот воздушен простор„, објави денеска министерот за надворешни работи, Хакан Фидан.
Целосно ја прекинуваат трговијата со Израел.
„Ги затворивме нашите пристаништа за израелските бродови. Не им дозволуваме на турските бродови да пловат кон израелски пристаништа”, кажа тој.
Според информациите на ДПА, ниедна друга држава не ги прекинала целосно трговските односи со Израел.
Турција континуирано ја окарактеризира војната во Појасот Газа како “геноцид”.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за прв пат изјави дека во Турција е извршен геноцид пред повеќе од сто години врз Ерменците и другите народи што живееле во Анадолија во тоа време. Тогаш загинале повеќе од 1,5 милиони Ерменци. Како што и се очекуваше, тоа предизвика остри реакции во владата во Анкара, која ги отфрли тие обвинувања како неосновани и го обвини израелскиот премиер за сегашниот геноцид врз Палестинците во Газа.foto freepik.com
Слично
