Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да ги напаѓа Хезболах и Хамас за прекршување на прекинот на огнот

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да ги напаѓа Хезболах и Хамас за прекршување на прекинот на огнот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес на почетокот на својот неделен состанок на кабинетот изјави дека израелската војска (ИДФ) ќе продолжи да ги напаѓа Хезболах и Хамас за прекршување на прекинот на огнот.

„Продолжуваме со борбата против тероризмот на неколку фронтови. Овој викенд, ИДФ го нападна Либан и ќе продолжиме да правиме сè што е потребно за да го спречиме Хезболах повторно да ја воспостави својата борбена способност и да ни се заканува“, рече Нетанјаху, според „Тајмс оф Израел“.

Израелските воздухопловни сили започнаа бран воздушни напади врз цели на Хезболах низ Либан во саботата попладне, при што загинаа двајца членови на проиранската милитантна група на југот од земјата.

Нетанјаху на почетокот на состанокот на кабинетот изјави дека Израел спроведува слична стратегија во Појасот Газа.


„Откако се склучи примирјето, Хамас не престана да го крши, а ние дејствуваме соодветно. Имаше неколку обиди да се инфилтрира на нашата територија преку Жолтата линија и да им се наштети на нашите војници. Решително го спречивме ова, одговоривме и плативме многу висока цена. Многу терористи се елиминирани или се заробени во тунелите во Рафа“, рече Нетанјаху, пренесува Танјуг.

Нетанјаху ги отфрли критиките дека важните одлуки за Појасот Газа се носат преку Вашингтон.

„Сите муабети за тоа дека мора да добиеме одобрение од едната или другата страна се едноставно целосна лага. Ние дејствуваме без да се потпираме на никого. Што се однесува до нашите одговори на заканите, тие одат преку министерот за одбрана и на крајот доаѓаат до мене. Ние одлучуваме независно од кој било надворешен актер, како што треба да биде“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека Израел е одговорен за сопствената безбедност.

Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести